Бидете рационални!
- Користете казанчиња кај кои се штелува количината што истекува. Опсегот е меѓу 5 и 10 литри. Казанчето е "виновник" за 30% од потрошената вода во вашиот дом.
- Туширајте се кратко. За секоја минута туширање трошите 20 до 40 литри вода.
- Затворајте ја славината кога миете заби или се бричите. Ќе заштедите 20 литри.
- Едно перење во машина троши околу 80 литри вода. Перете само кога машината е полна.
- 50% од потрошената вода ја трошите во дворот!
- Тревникот наводнувајте го полека и поретко. Доволни се 10 литри на 1м2.
- Наводнувајте рано наутро или доцна попладне. На јако сонце дури 40% од водата испарува пред да се упие во земјата
- Кога ги миете рацете, додека се сапунисувате, не ја оставајте водата да тече
- Затворете ја водата откако ќе ја намокрите вашата четка за заби и заштедете 95 литри вода месечно. Нема потреба да ја оставите водата да тече додека ги четкате забите. Само намокрете ја вашата четка и наполнете чаша со вода за плакнење на устата. Да заштедите и вода и време, мијте си го лицето или четкајте заби додека се туширате
- Туширајте се пократко. Еден од начините да се намали користењето на вода е да го запрете течењето на вода додека се сапунисувате, а потоа да ја пуштите водата и да се исплакнете. Друг начин за заштеда е да ја замените главата на тушот со верзија која има ултра низок проток на вода. Само како ориентација, за туширање од четири минути користите од 75 до 150 литри вода
- Проверете дали вашиот дом е безбеден од протекување, затоа што многу домови имаат скриени места од каде што им протекува вода. Прочитајте си го водомерот пред и по два часа, во период кога не користите вода. Ако водомерот не покажува сосема иста состојба, тогаш со сигурност имате некое место од каде ви протекува вода
- Поправете ги славините кој капат со замена на нивните гумички. Ако вашата славина капе со интензитет од една капка во секунда, може да очекувате да изгубите околу 10.220 литри вода годишно, количина која ќе биде додадена на сметката за вода и комуналии, или ќе го оптовари вашиот септички систем
- При миење на садовите со рака, не оставајте ја водата да тече. Наполнете еден мијалник или поголем сад со вода со сапуница, а потоа брзо исплакнете ги садовите под слаб млаз на вода која тече од чешмата
- Пуштете ги машината за садови и машината за перење да работат само ако ги имате целосно наполнето. Програмирајте за машината за перење за работа на пониски параметри отколку што мислите дека се неопходни и вашата облека ќе биде чиста и со помалку вода. Кај машината за миење садови изберете краток циклус
- Не користете вода за одмрзнување на месо – одмрзнувајте го во фрижидер
- Измијте ги овошјето и зеленчукот во сад со вода наместо под млаз вода од чешмата. Користената вода од садот ќе може повторно да се искористи – за полевање на растенијата во вашиот дома
- Чувајте шише со вода за пиење во фрижидер. Тоа е подобро отколку да ја истекувате водата од чешма, секогаш кога ќе сакате чаша студена вода.
|
No comments:
Post a Comment