Saturday, September 10, 2011

Неколку начини за како да заштедиме вода!


                                   ВОДАТА Е БОГАТСТВО!!!


Не оставајте да тече
Повеќето од нас имаат лоша навика да ја оставаат славината да тече додека ги миеме забите, или ја истекуваме водата за пиење. Тоа е добар начин непотребно да се потроши огромна количина на вода секојдневно.
 

Поправете ги славините кои капат
Не постои "мало" капење. Славина која капе може да потроши до 100 литри вода на ден!
Лесно се поправаат со замена на гумичка или цел вентил.


Казанче кое тече е најголем прикриен потрошувач на вода. Од него може да истечат до 300 литри на ден. Статистички е докажано дека секое петто казанче тече. Затоа, редовно проверувајте ги и поправајте ги навреме.


Проверете ги и вентилите во вашата шахта. Ако капат или течат, пријавете кај    најблискиот пункт.



 Затворете го цревото Градината е место каде се троши највеќе вода. Едно црево од 1/2 цол за еден час може     да потроши 2500 литри вода!

Едно црево оставено да тече цела ноќ ќе потроши вода повеќе од едно семејство за цел месец. Затоа бидете внимателни


Бидете рационални!




  • Користете казанчиња кај кои се штелува количината што истекува. Опсегот е меѓу 5 и 10 литри. Казанчето е "виновник" за 30% од потрошената вода во вашиот дом.

  • Туширајте се кратко. За секоја минута туширање трошите 20 до 40 литри вода.

  • Затворајте ја славината кога миете заби или се бричите. Ќе заштедите 20 литри.

  • Едно перење во машина троши околу 80 литри вода. Перете само кога машината е полна.

  • 50% од потрошената вода ја трошите во дворот!
  • Тревникот наводнувајте го полека и поретко. Доволни се 10 литри на 1м2.
  • Наводнувајте рано наутро или доцна попладне. На јако сонце дури 40% од водата испарува пред да се упие во земјата
  • Кога ги миете рацете, додека се сапунисувате, не ја оставајте водата да тече
  • Затворете ја водата откако ќе ја намокрите вашата четка за заби и заштедете 95 литри вода месечно. Нема потреба да ја оставите водата да тече додека ги четкате забите. Само намокрете ја вашата четка и наполнете чаша со вода за плакнење на устата. Да за​​штедите и вода и време, мијте си го лицето или четкајте заби додека се туширате
  • Туширајте се пократко. Еден од начините да се намали користењето на вода е да го запрете течењето на вода додека се сапунисувате, а потоа да ја пуштите водата и да се исплакнете. Друг начин за заштеда е да ја замените главата на тушот со верзија која има ултра низок проток на вода. Само како ориентација, за туширање од четири минути користите од 75 до 150 литри вода
  • Проверете дали вашиот дом е безбеден од протекување, затоа што многу домови имаат скриени места од каде што им протекува вода. Прочитајте си го водомерот пред и по два часа, во период кога не користите вода. Ако водомерот не покажува сосема иста состојба, тогаш со сигурност имате некое место од каде ви протекува вода
  • Поправете ги славините кој капат со замена на нивните гумички. Ако вашата славина капе со интензитет од една капка во секунда, може да очекувате да изгубите околу 10.220 литри вода годишно, количина која ќе биде додадена на сметката за вода и комуналии, или ќе го оптовари вашиот септички систем
  • При миење на садовите со рака, не оставајте ја водата да тече. Наполнете еден мијалник или поголем сад со вода со сапуница, а потоа брзо исплакнете ги садовите под слаб млаз на вода која тече од чешмата
  • Пуштете ги машината за садови и машината за перење да работат само ако ги имате целосно наполнето. Програмирајте за машината за перење за работа на пониски параметри отколку што мислите дека се неопходни и вашата облека ќе биде чиста и со помалку вода. Кај машината за миење садови изберете краток циклус
  • Не користете вода за одмрзнување на месо – одмрзнувајте го во фрижидер
  • Измијте ги овошјето и зеленчукот во сад со вода наместо под млаз вода од чешмата. Користената вода од садот ќе може повторно да се искористи – за полевање на растенијата во вашиот дома
  • Чувајте шише со вода за пиење во фрижидер. Тоа е подобро отколку да ја истекувате водата од чешма, секогаш кога ќе сакате чаша студена вода.


Како да заштедиме вода?



   Планетата Земја има 1.386.000.000 км3 вода, но само 2,5% од неа е слатка вода за пиење. Останатото е или солена вода или мраз. Според Светската Здравствена Организација, помалку од 1% од светските резерви на свежа вода се достапни за користење. Одовде се гледа дека водата е природен ресурс кој е строго ограничен во неговата количина.
   Дневната потрошувачка на вода се движи од 300 литри на жител на ден во САД (нација која се смета за голем потрошувач на вода), 100 литри на жител на ден во Холандија (рационална потрошувачка) до 10-тина литри на жител на ден во Сомалија, каде водата е луксуз до кој повеќемина немаат пристап.
   Кај нас, потрошувачката на вода се движи околу 240 литри по жител на ден. Овој податок покажува дека во Скопје водата се троши нерационално. На ниво на производство на вода во целиот систем, оваа бројка е уште поголема, а разликата се должи на реални технички загуби во мрежата, но и на нерегистрирана потрошувачка на вода (чистење на улици, поливање на градско зеленило, нелегални "диви" приклучоци и др.)
   Имајќи предвид дека количината на вода која ја добиваме од изворот Рашче и бунарите во Нерези и Лепенец е ограничена, но и фактот што водоводната мрежа во градот не е комплетно изградена, во летниот период се појавува недостиг на вода на одредени локации во градот. Во некои ситуации тоа се должи на недоволниот капацитет на мрежата (на пример во нас. Хиподром), но почесто недостигот на вода е резултат на енормно зголемена потрошувачка на вода (на пример во населбата Шуто Оризари). За да се избегнат вакви несакани ситуации неопходно е потребно водата да се троши рационално. По правило местата каде има недостиг на вода се наоѓаат во повисоките делови од градот каде водата се доведува со пумпање па затоа и трошоците за нејзино доведување се многу повисоки.
   Почитувани корисници. Заради сe што е горе кажано, Ве повикуваме на рационално користење на водата.
   Тоа не значи да ја ограничувате употребата на водата, туку да ја користите за сите нормални потреби и во нормални количини. Со тоа ќе се намали и вашата сметка за потрошена вода, а воедно вие ќе станете еден од оние кои се грижат за зачувувањето на природните ресурси, водата, но и енергијата, индиректно ќе се намали и загадувањето на воздухот и глобалното затоплување.
Бидете и Вие примерен Земјанин !